Раководството на Манчестер јунајтед е загрижено поради делегирањето на Мајкл Оливер за главен судија на дербито против Ливерпул викендов. Тие се загрижени поради неговиот третман кон Бруно Фернандеш, но и поради исклучувањето на Диого Далот на минатогодишниот меч на „Енфилд“ против Ливерпул, кога му покажа два жолти картони само за неколку секунди.
Токму судијата Оливер беше во ВАР-собата на мечот против Вест хем оваа сезона, кога за Чеканите беше покажан спорен пенал. Сите овие околности наведоа многумина да веруваат дека неговото назначување за главен судија може да донесе повеќе тензии на „Енфилд роуд“, но и оправдан сомнеж дека токму овој судија има нешто против Манчестер јунајтед.