Во Манчестер се плашат дека играчите ќе смрзнат на гостувањето кај Астана

Манчестер јунајтед веќе има обезбедено пласман во нокаут-фазата од Лигата на Европа иако до крајот има да се одиграат уште две кола. Црвените ѓаволи на 28 ноември ќе патуваат во Казахстан на гостување кај Астана, која нема освоено ниту еден бод досега.

Англискиот гигант е голем фаворит за триумф, но гостите се плашат. Најголем противник за играчите на Манчестер јунајтед може да биде времето. Според најавите, се очекува тој ден во Нур Султан (новото име на градот Астана) температурата да падне и до минус 20 целзиусови степени.

Препораките за играчите на Манчестер се воопшто да не излегуваат надвор од хотелот ако немаат некоја посебна потреба и максимум на отворено да се задржуваат до 10-тина минути. Позитивна работа во целата оваа ситуација е што стадионот на Астана е покриен со кров, па надворешната температура нема да биде пречка за да се одигра дуелот во нормални услови.

 

- Оглас -

Најнови вести