5.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Во Мароко се гради најголемиот стадион во светот, конкурентот на „Бернабе“ за финалето на СП 2030 (Фото)

Мароко во моментов е домаќин на Африканскиот куп на нации, кој се одржува на девет стадиони во шест града, но оваа земја во Северна Африка, веќе се подготвува и за домаќинството на Светското првенство во 2030 година.

Во близина на Казабланка се гради најголемиот стадион во светот, „Гранд стад Хасан Втори“, кој ќе има капацитет за 115.000 гледачи. Властите во Мароко не откриваат колку ќе чини неговата изградба, но дефинитивно овој стадион ќе биде кандидат за финалето на Мундијалот и главен конкурент на „Сантијаго Бернабе“.

Иако изградбата е во почетна фаза, сепак, контролата на ФИФА му даде највисока отценка помеѓу сите стадиони кои треба да бидат домаќини на првенството во 2030 година, 4.3 од 5.

Светското првенство во 2030 година заеднички ќе го организираат Шпанија, Португалија и Мароко, а по еден натпревар ќе се одигра и во Уругвај, Парагвај и Аргентина, во чест на 100 години од првиот Мундијал кој се играл во Монтевидео во 1930 година.

- Оглас -

Најнови вести