Недела е денот кога ќе се дознае новиот европски владетел по финалето меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен. Ќе се слави или во Германија, или во Франција, а доколку Светците за првпат во клупската историја ја освојат Лигата на шампионите, само во еден француски град ќе биде забрането да се слави.
Локалните власти на Марсеј воведоа строго правило според кое е забрането да се носи спортска опрема со боите на ПСЖ, како и користење пиротехника која исто така содржи бои на Парижаните. Ова правило важи исклучиво за во недела, со цел да се спречат очекувани инциденти во кои би учествувале навивачи на Олимпик Марсеј.
Немили сцени во Марсеј се случија по пласманот на ПСЖ во финалето, кога група навивачи на Марсеј пресретнале фанови на ПСЖ, по што ги терале на сила да ги соблечат дресовите на францускиот првак.