Брауншвајг и Херта одиграа меч за паметење на стартот од натпреварите во германскиот куп, а второлигашот успеа да го елиминира фаворитот од Берлин со победа од 5:4.
Мартин Кобилански беше јунак на неверојатниот фудбалски трилер со вкупно 9 гола, а Полјакот од Брауншвајг постигна хет-трик.
Со гол во 63. секунда од мечот 26-годишниот напаѓач на домаќините најави дека ова ќе биде негова вечер, а потоа со уште два гола беше најзаслужен за подвигот на Брауншвајг.
Кобилански беше прецизен и во 44. и во 67. минута, а голови за домаќините постигнаа и Абдулахи и Мителштед, кој си даде автогол.
Доди Лукабакио беше двоен стрелец на Херта, но недоволно за да се избегне елиминација на фаворитот на стартот од натпреварите во популарниот ДФБ покал.
Во вториот меч што се играше вечерва Мајнц направи голем пресврт и со пет гола во второто полувреме ја анулира негативата од првото полувреме и славеше со 5:1 против четвртолигашот Хавелсе.
И на овој меч имаше хет-трик, а го постигна Жан-Филип Матета.