14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Во меч со четири гола, Астон вила го сопре Ливерпул во Бирмингам (Видео)

Ливерпул ремизира 2:2 на гостувањето кај Астон вила во првенствен меч од Премиер лигата. Со овој бод Ливерпул само се зацврсти на лидерската позиција со 61 бод од 26 меча, а најблису до него е Арсенал, кој има 53 бода, но и еден натпревар помалку.

Ливерпул поведе со голот на Салах откако гостите искористија една голема грешка на домашната одбрана.

Aston Villa 0 – [1] Liverpool – Mohamed Salah 29‎’‎
byu/JefinLuke inLiverpoolFC

Сепак, Астон вила не само што не се предаде, туку како ретко кој успеа до полувремето да направи целосен пресврт. За 1:1 погоди Тилеманс во 38-мата минута.

Се играа последните моменти од првото полувреме кога Воткинс одлично се снајде во шеснаесетникот на Ливерпул и со глава погоди за предност на домаќините од 2:1.

Ливерпул започна офанзивно во второто полувреме и во 61-вата минута стигна до 2:2 благодарение на погодокот на Александер-Арнолд. До крајот на мечот двата тима имаа шанси за трет погодок, но остана нерешено.

Астон вила сега има 39 бода и е на деветото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести