Во Мексико ќе нема фудбал додека не се казнат виновниците за суровата тепачка што однесе 17 животи (Фото)

Популарната МХ лига во Мексико е стопирана и фудбал нема да се игра додека не се расчисти комплетно суровиот инцидент на мечот меѓу Керетаро и Атлас што однесе 17 животи, а има и 26 повредени.

Во саботата имаше невидени сцени на стадионот „Ла Корегидора“ во Керетаро, а мечот беше прекинат во 62-рата минута, кога изби масовна тепачка меѓу навивачите на двата тима на трибините, но и на теренот.

Неофицијално има 17 починати и 26 повредени луѓе, а сега се бараат и строги казни за предизвикувачите и учесниците во страшниот инцидент.

„Не се опишуваат срамот и болката што ја чувствуваме по ваков суров инцидент. Мора да има казни за сите што предизвикаа ваков невиден инцидент со жртви и повредени. Ова е нецивилизирано однесување“, изјави Маурисио Кури, гувернерот на областа Керетаро.

Вчерашните натпревари од деветтото коло во МХ лигата не се играа, а не се знае до кога ќе трае суспензијата во најсилната фудбалска лига на Мексико.

 

 

- Оглас -

Најнови вести