Новак Ѓоковиќ продолжува со доминација каква што не се памти на грендслем-турнирот во Австралија. Србинот не само што победува, туку тоа го прави на доминантен начин, па во четвртфиналето му беа потребни само два часа за да го елиминира Рубљов.
По завршување на мечот, започна ново шоу во режија на Ѓоковиќ и неговите фанови во Мелбурн. Додека даваше интервју веднаш по мечот, Ноле потенцираше дека денеска роденден слави неговиот физиотерапевт и дека сака да му го честита, а исто така не го заборави и роденденот на неговата мајка, кој вчера го прослави роденденот.
Кога публиката слушна дека роденден имала мајката на Ноле, цела Арена започна да пее „Среќен роденден“, а веднаш се приклучи и самиот Ѓоковиќ.
https://twitter.com/i/status/1618204332716969984
Навивачите кои го бодреа Србинот, по мечот продолжија да слават и пред „Род Левер арената“. Се играше оро, а покрај српските знамиња, туку беше и едно македонско знаме, што е само потврда дека Ѓоковиќ секогаш има голема поддршка од Македонците без разлика каде игра.
Освен што пееше песна во чест на роденденот на неговата мајка, Ѓоковиќ ѝ подари и букет цвеќе на новинарката која го интервјуираше.
https://twitter.com/i/status/1618209895307968514
Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Томи Пол од САД, кој е прв Американец со пласман во полуфинале на Отвореното првенство на Австралија по пауза од 14 години.