Во Милан имаат големи надежи од новиот херој: Ова е негов почеток, сега ќе го покаже квалитетот

Жуниор Месијас со голот во самата завршница му ја донесе првата победа на Милан сезонава во Лигата на шампионите.

И тоа на теренот на Атлетико Мадрид, во меч кој беше од големо значење за двата тима.

Месијас е спасителот на Росоњерите, кои по четири натпревари имаа три порази и едно реми, а сега се потполно во игра со оваа победа.

„Месијас дури сега ќе покаже каков квалитет поседува. Треба да прославам со моите играчи бидејќи заслуживме да победиме и ја видовме зрелоста којашто ја има овој тим.

Приказната на Месијас е преубава, но мислам дека ова е негов почеток бидејќи поседува неверојатен квалитет. Имаше проблеми кога дојде, но сега верувам дека може уште повеќе да ѝ помогне на екипата“, изјави тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

Во последното коло од групата Б, само Ливерпул е сигурен патник како првопласиран, додека Порто е втор со пет бода, Милан и Атлетико имаат четири.

Навистина ќе биде интересно во последното коло, кога ќе се сретнат Милан и Ливерпул, како и Порто и Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести