21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Во Милан се загрижени околу повредата на Ибрахимовиќ

Повредата на коленото на три кола пред крајот на сезоната во Серија А го спречи Златан Ибрахимовиќ да ѝ се стави на располагање на шведската репрезентација за претстојното Европско првенство, а во Милан се загрижени дека искусниот голгетер го чека подолга пауза.

Има шанси Ибрахимовиќ да го пропушти стартот на новата сезона, иако претходно се тврдеше дека повредата не е сериозна и нема оштетување на лигаментите од коленото.

Златан во повеќе наврати беше аут во сезоната која е зад нас поради здравствени проблеми, но сепак успеа да им помогне на Росонерите да се пласираат во Лигата на шампионите по седум години пауза.

Во 19 лигашки настапи, Ибрахимовиќ реализира 15 погодоци, односно 17 во сите натпреварувања и покажа дека на 39 години уште може да игра на врвно ниво. Поради тоа доби продолжување на соработката на уште една година, но сега е прашање дали ќе закрепне во текот на летниот период со цел да го дочека стартот на сезоната 2021/22.

- Оглас -

Најнови вести