Остануваат само уште 24 часа за бесплатно типување на најпопуларната игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Коло исполнето со дерби-натпревари, а прогнозерите очекуваат реми на дуелите во Милано и Сплит.
Милан и Интер играат дерби, а 40% од играчите на Спортската прогноза очекуваат дека нема да има победник на „Сан Сиро“. Процентот за реми на „Пољуд“ е уште повисок, 42, па очекувањата се дека и на вечното хрватско дерби нема да има победник.
Дерби-дуел се игра и во Шкотска, а 58% од играчите на Спортската прогноза очекуваат победа на Бојан Миовски и Глазгов ренџерс во дуелот против Селтик.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


