26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Во МЛС досуден еден од најконтроверзните пенали (Видео)

Фудбалерите на Ванкувер со 3:2 ја победија екипата на Сент Луис во дуел од МЛС шампионатот во САД. Оваа возбудлива пресметка беше решена со гол во 90+14 минута и тоа по досуден контроверзен пенал.

Сент Луис водеше со 0:1 и 1:2, а Ванкувер успеваше да израмни. Се играа последните моменти од мечот кога, еден фудбалер на Ванкувер трчајќи да стигне една топка, се сопна од својата нога.

Судијата гледаше ВАР снимка и оцени дека противничкиот играч имал влијание зошто домашниот фудбалер се сопна и досуди пенал.

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер кој летово си замина од Баерн Минхен и го облече дресот на Ванкувер, ја презема одговорноста да шутира и погоди од белата точка за победа на Ванкувер од 3:2.

- Оглас -

Најнови вести