Во МЛС смислија нов начин како да се одбранат од слободниот удар на Меси (Видео)

Интер Мајами на свој терен со 2:0 славеше над Реал Солт лејк во првиот меч од новата сезона во американската МЛС. Во центарот на вниманието беше Лионел Меси, кој не постигна гол, но имаше два потезa за кои повеќе се зборува отколку за погодоците кои беа постигнати.

Во 17-тата минута беше досуден слободен удар за Интер Мајами на околу 25 метри од противничкиот гол. Гостите решија во „живиот ѕид“ да наместат само двајца фудбалери, но затоа останати стоеја внатре во петерецот, а дел беа и на гол-линијата. Тоа на крајот се покажа како добар потег затоа што играчот кој стоеше на гол-линијата покрај стативата успеа со глава да ја спаси топката да не влезе во мрежата.

Вториот момент во кој се истакна Меси беше кога Интер Мајами беше во напад, а еден противнички играч лежеше на тревата и се жалеше на повреда. Меси воопшто не помисли да ја исфрли топката во аут или да го сопре нападот, туку напротив. Тој успеа со топката да го „издрибла“ и повредениот противнички играч, а потоа и шутираше во обид да постигне гол, но неговиот удар беше изблокиран.

Интер Мајами победи благодарение на головите на Тејлор во 39-тата минута и на Гомес во 83-тата минута. Во стартниот тим на Интер Мајами покрај Меси, беа уште тројца некогашни фудбалери на Барселона, и тоа Луис Суарес, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

 

- Оглас -

Најнови вести