Во Муртино на два тикети со уплата од по 10 евра, вкупната добивка е 18.000 евра

Изминатиот викенд беше среќен за многу обложувачи во Sport Life, а ние ви ги издвојуваме четирите најинтересни добитни тикети.

Муртино по вторпат за кратко време е среќно место за големи добивки. Откако пред 10-тина дена имаше добитен тикет од преку 400.000 денари, викендов на два тикети вкупната исплата е над 1.100.000 денари, односно околу 18.000 евра.

Првиот тикет е уплатен на мечеви од саботата и само со 600 вложени денари, добивката е 709.987 денари. Дури 52.591 денари се благодарение на ФИБОНАЧИ бонусот што го има само во Sport Life.  На добитниот тикет има 11 меча од кои осум се одиграни на 3+ и три фикса. Сите мечеви се од вечерните термини и речиси сите се од првенствата во Јужна Америка.

Со 3+ се одиграни мечевите: Ломел – Вестерло (2:1), Индепендиенте Меделин – Енвигао (2:1), Уневерзитатео де Винто – Индепендиенте Петролерос (2:2), Велез Сарсфилд – Ланус (3:1),  Годој Круз – Естудијантес (3:3), Атлетико МГ – Крузеиро (3:1), Мелгар – Карлос Стејн (3:0), Универзитатеа Католика – Уневерзитате де Чиле (2:1).

Фиксовите се победите на Торино на гости кај Салернитана со 1:0, Рио Аве дома против Трофенсе со 1:0, како и на Гремио на свој терен против Ипиранга со 2:1.

ГОЛ ВО 90+8 МИНУТА ДОНЕСЕ ОГРОМНА ДОБИВКА

Вториот добитен тикет од Муртино е уплатен во неделата, со мечеви од пладневен термин. Повторно уплатата е 600 денари, а овојпат добивката е 408.721 денари, од кои 11.904 денари се благодарение на Фибоначи бонусот.

На овој тикет има 10 меча и тактиката е иста, да се одигра на 3+ или на фиксови. Со 3+ погодени се дуелите: Остерсундс – Сковде (2:3), Јагелонија – Заглебје (2:1), Сириус – Сундсвал (2:1), Аугсбург – Волфсбург (3:0) и Серкл Бриж – Гент (2:2). На дуелот Јагелонија – Заглебје до 88-мата минута гостите водеа со 1:0, а потоа домаќините израмнија. Се играше 90+8 минута, кога Јагелонија даде втор погодок за победа од 2:1 и добитен 3+.

Погодени се фиксовите на Гетеборг – Варнамо (2:1), Ранхајм – Бран (0:4), Бреша – Виченца (2:0), Удинезе – Калјари (5:1) и Бетис – Осасуна (4:1).

САМО СО 100 ДЕНАРИ ДО ДОБИВКА ОД 1.500 ЕВРА

Во Штип има уплатено мајсторски тикет кој на 100 вложени денари, добивката е дури 93.636 денари. Одиграни се осум пара и комбинациите се на погодоци, а на крајот сите се погодени, па добивката е 1.500 евра.

 

ИГРАШЕ НА ФАВОРИТИТЕ И ГО СПАСИ ГОЛ ВО 94-ТАТА МИНУТА

Во скопската населба Аеродром одигран е тикет кој со 50 вложени денари донесе добивка од 74.352 денари. На мечеви од најатрактивните лиги, дел од погодените средби се победите на Барселона против Севилја (1:0), потоа Тотенхем – Њукасл (5:1), ПСЖ – Лориен (5:1), Лион – Анже (3:2), Фиорентина – Емполи (1:0), Атлетик Билбао – Елче (2:1), како и победата на Салцбург против Рапид Виена со 2:1. Домаќините на овој меч во австриското првенство до победа стигнаа со гол во 94-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести