Не е новитет да се изработуваат статуи на Кристијано Роналдо, но најновото уметничко дело кое се наоѓа во музејот „ЦР7“ во родниот град Мадеира е навистина посебно. Статуата целосно е направена од чоколадо и е во реална големина, а истата тежи 120 килограми.
„Чоколадниот“ Роналдо го носи националниот дрес на Португалија од сезоната 2016 кога ја освои европската титула на континенталниот шампионат кој се одржа во Франција. Статуата е изработка на швајцарскиот шеф за слатки Хорхе Кардосо, а за комплетирање на делото му биле потребни повеќе од 200 часови.