Во најава е двојна радост за фановите на Црвена ѕвезда, нивните тимови се фаворити

3130 Ц. Ѕвезда – ОФК Београд (17.00 часот)

Ова е дуел од осминафиналето на фудбалскиот Куп на Србија и дуел во кој домашните се апсолутни фаворити. ОФК игра добро и четврти е во српската Суперлига, но Ѕвезда е убедливо посилен тим и вистинско чудо би било ако не победи, иако можеби малку ќе калкулираат со составот. Во ноември на „Карабурма“ во последниот нивен меѓусебен лигашки меч, Ѕвезда победи само со 1-0, а кога Црвено-белите биле домаќини, не загубиле од ОФК уште од 2012 година и тоа беше меч од Купот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.52)

 

8745 Ц. Ѕвезда – Виртус Болоња (20.00 часот)

Белградските Црвено-бели се фаворити и веруваме дека ќе ја оправдаат таа улога. Тимот од Болоња е претпоследен на табелата во Евролигата и има серија од осум порази по ред и е без шанси за плејоф. Ѕвезда е во позиција да биде меѓу првите 6 и директно да влезе во плејофот, но може да се случи и целосно да извиси ако загуби вечерва и в петок исто така дома против Реал Мадрид. Затоа ова им е меч кој мора да го добијат. Проблем за Ѕвезда е повредата на центарот Боломбој, но без него беа и во минатото коло, кога славеа над братскиот Олимпијакос.

Предлог тип: 1-1 & >161.5 (2.95)

 

9864 Кјелце – Фуксе Берлин (20.45 часот)

Полскиот и германскиот тим се борат кој од нив да влезе во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони, каде што за противник ги чека данскиот Алборг. Тимот од Берлин беше трети во групата во која играше и Еурофарм Пелистер, додека Кјелце беше шести во другата група. Кјелце предводен од браќата Душебаеви и Карачиќ, имаше само пет победи на 14 меча во групната фаза, Фуксе имаше девет победи и затоа гостите се благи фаворити за пласман во следната рунда од плејофот. Покрај тоа, Фуксе е и лидер на табелата во силната Бундеслига.

Предлог тип: <60.5 (1.88)

 

3191 Сараево – Борац Бања Лука (21.00)

За Борац како актуелен првак на БиХ овој меч е многу важен бидејќи е шанса да ја намалат разликата во однос на лидерот Зрињски само на три бода. Борац заврши со успешните настапи во Европа и сега ќе се фокусира само на домашната лига. Но, Сараево е трети на табелата и си има свои амбиции, ако победи, доаѓа на два бода минус зад Борац. Сараево има само еден, а Борац два порази сезонава, од кои едниот од Сараево. Борац ја има најдобрата одбрана во лигата со 9 примени погодоци на 21 меч. Традицијата вели дека на последните шест лигашки дуели на овие екипи никогаш немало повеќе од два гола.

Предлог тип: & 1-3 (1.91)

 

6702 Арсенал ж. – Реал Мадрид ж. (21.00 часот)

Тимот на Реал во овој реванш од четвртфиналето на женската Лига на шампиони влегува со солидна предност од 2-0, а мадриѓанките веројатно уште се во еуфорија и поради историската победа над Барса пред три дена и самодовербата им е огромна. Квотите велат дека Арсенал е фаворит. Лондонскиот тим викендов славеше со 4-0 над Ливерпул и ќе треба да го повторат тој резултат за да се најдат меѓу четирите најдобри во Европа. Арсенал е тим кој многу ретко игра нерешено, последното реми ну беше на 3 ноември.

Предлог тип: 1Х & ГГ (1.88)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести