Во најава е „лудо“ коло на Спортска прогноза: Ќе гори во Милано и Белград

По репрезентативните возбудувања во минатото коло, Спортска прогноза повторно се враќа во стар колосек, односно со клупски мечеви од најатрактивните лиги во Европа. Викендов ќе биде пребогат со мечеви, а ние одбравме 13 средби кои треба да бидат ваш предизвик за да стигнете до посакуванот мобилен телефон „ајфон 11“.

Два градски дерби-дуели се во фокусот. Интер го пречекува Милан во Серија А, а Партизан е домаќин на Црвена ѕвезда во меч на белградските ривали. Освен овие две средби, секако има уште 11 дуели кои треба да ги погодите за да стигнете до Среќна 13-ка, односно до „ајфон 11“.

Доколку имаше 12 или 11 погодоци, повторно сте во ќар затоа што така станувате добитник на вреднсен ваучер од 1.000 или 500 денари од Sport Life. Спортска прогноза е бесплатна и достапна за сите оние кои имаат Sport Life картичка, која е патот за да се логирате и учествувате во популарната игра.

- Оглас -

Најнови вести