По една година помината во Барселона, Миралем Пјаниќ ќе се врати во тимот на Јувентус, пренесуваат дел од каталонските медиуми. Според најавите, Пјаниќ, кој едноставно не се снајде и не доби шанса во каталонскиот гигант, летово повторно треба да дојде во најтрофејниот италијански клуб.
Како замена за Пјаниќ, Јувентус на „Камп ноу“ треба да го испрати Родриго Бентакур. Оваа опција уште не е сигурна, но двата клуба имаат можност до крајот на првенството да се договорат и повторно да направат замена на играчи.
Hace unas semanas Barça y Juventus plantearon un posible intercambio de cromos con dos futbolistas
Pjanic de vuelta a Turín
Betancur a BarcelonaDe momento la operación está parada. Pero los dos clubes dejan puerta abierta a movimientos este verano pic.twitter.com/3N5aNZdFRU
— Gerard Romero (@gerardromero) May 10, 2021
Пјаниќ играше во Јувентус од 2016 до 2020 година, а потоа беше даден во Барселона, каде што не се наигра. Доколку не направи трампа и не се врати кај Старата дама, босанскиот репрезентативец може да замине и во Саудиска Арабија, од каде што има богата понуда.