Во најнеефикасната лига во Европа, на последните десет меча паднаа само осум гола

Црногорската фудбалска прва лига во последните две рунди се наметнува како најнеефикасна во Европа, бидејќи на десет меча паднаа само осум гола. Стрелците воопшто не се расположени, и со просек од само 0,8 голови по меч во последните две кола, Црна Гора е на дното според ефикасноста.

Во денешното коло, паднаа само пет гола и тоа два од пенал, а три од прекин. Ниту еден од игра, акција, контра… И тоа три гола паднаа на мечот кој првакот Будуќност го загуби од Подгорица, додека другите четири меча завршија со 0-1 гол.

Во претходното коло на 11-ти април, има само три гола и сите пет меча беа со 0-1 гол. Среќа за Црногорците што до крајот на сезоната има само уште две кола, па веројатно нема да биде најнеефикасна лига во Европа сезонава. Просекот им е 2,06 гола по меч, а послаб просек имаат албанското (2,04) и белоруското првенство (2,03).

- Оглас -

Најнови вести