Ковентри и Лутон ќе играат во големото финале на плејофот за влез во англиската Премиер лига. Лутон никогаш не бил дел од елитата, а Ковентри последен пат беше премиерлигаш во 2001 година.
Ковентри вечерва славеше со 1-0 на гостувањето кај Мидлсборо (првиот меч заврши 0-0), а стрелец беше Холанѓанецот Густаво Хамер.