Наполи го победи Торино со 2:1 и тимот од југот на Италија полека се враќа кон местата на табелата кои носат излез во Европа за следната сезона. Наполи има пет победи на последните шест меча во Серија А, а Гатузо имаше шоу по синоќешниот меч.
„Се подобруваме и треба да продолжиме во овој ритам. Ми се допадна како одигравме, бевме компактни. Сепак, на крајот не требаше да го примиме голот. Понекогаш играчите ги зафаќа мрза, а секогаш мора да бидеме фокусирани до последен момент. Подготовен сум да се качам на врв на планина за моите играчи. Сепак мораат да тренираат онака како јас што ќе кажам, а не како ќе им речат другите. Кога ќе ја имаме топката во наши нозе и кога ќе напаѓаме сакам да сме убави како Бред Пит, а кога ќе треба да се браниме и да бидеме во дефанзива сакам да сме грди како мене“, рече Гатузо.
Тренерот на Наполи не заборави да потенцира дека ако челниците на лигата решила да се откаже некои мечеви да не се играат пред празни трибини, тоа требало да го направи со цело коло, а не само на одредени средби.