3.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Во Наполи можат да здивнат околу повредата на капитенот

Повредата на капитенот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, не е толку сериозна колку што првично се стравуваше.

Десниот бек беше изнесен на носилки во првото полувреме при вчерашната победа над Фиорентина со 2-1, поради сомнеж за скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено. Сепак, денешните прегледи ја исклучија најлошата дијагноза и станува збор за втор степен на истегнување, соопшти клубот.
Очекуваниот период за опоравување на италијанскиот репрезентативец е меѓу четири и шест недели.

Со оглед на тоа што Ди Лоренцо нема да отсуствува до крајот на сезоната, во Наполи се откажале од итно доведување на нов играч, конкретно Габриеле Дзапа од Каљари. Наместо тоа, десниот бек е пред трансфер во Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести