Елиф Елмас и сите останати фудбалери на Наполи се негативни по направените вчерашни тестови за корона-вирусот. Во Наполи немаше ниту еден позитивен случај, но токму Наполи играше против Џенова, клубот во којшто во претходните неколку дена беа потврдени 14 позитивни на опасниот вирус.
Во Џенова уште не се откриваат имињата на заразените, но се верува дека добар дел од тие се фудбалери кои играа против Наполи. За среќа, ниеден фудбалер на Наполи не покажал симптоми и не е позитивен на корона-вирусот. Утре треба да има и второ тестирање на сите играчи на Наполи, а ако и тие тестови се негативни, без проблеми ќе може да играат во дербито против Јувентус.
По мечот Јувентус – Наполи, за репрезентативни обврски во македонскиот национален состав треба да се приклучи Елиф Елмас.
All of the tests completed yesterday have returned negative results. The next round of testing will take place on Thursday afternoon #ForzaNapoliSempre
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) September 30, 2020