Во Наполи реприза од преклани: Титула, па разделба со тренерот

В петок вечер Наполи со победа на свој терен против Каљари ќе ја освои шампионската титула во фудбалската Серија А во Италија, а потоа веројатно ќе се раздели со тренерот Антонио Конте.

Се зборува дека дури и да стане првак на Италија, Конте си заминува (има најави дека ќе се врати во Јувентус), а како фаворит за негов наследник на клупата на Наполи се спомнува Масимилијано Алегри.

Ако навистина замине Конте, на Наполи ќе му се повтори ситуацијата од преклани, кога исто така клубот се раздели со тренерот кој им донесе титула. Тогаш Лучијано Спалети го напушти Наполи за да стане селектор на Италија.

- Оглас -

Најнови вести