Неодамна најголемите фанови на Диего Армандо Марадона го одбележаа 60-тиот роденден на фудбалскиот виртуоз кој почина минатата година. Марадона останува еден од најдобрите, а според многумина, и најдобар фудбалер во историјата. Сепак, освен многуте магични погодоци што ги даде, Марадона остана запамтен и по голот што го даде со рака во дуелот против Англија на Светското првенство во 1986 година.
Тој погодок беше наречен гол постигнат со „Божја рака“. По 35 години од легендарниот гол на Марадона, тинејџер од екипата на Наполи до 16 години постигна гол што потсетува токму на тој на Марадона. Аргентинскиот виртуоз дел од кариерата ја помина токму во Наполи, каде што е „Бог“, па голот на младинскиот дуел меѓу Наполи и Рома има уште поголемо значење.