32.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Во Наполи со уникатен коментар по четирите гола на Лионел Меси

Кога Лионел Меси е расположен за игра, тогаш Барселона нема проблеми и убедливо победува. Тоа се покажа и денеска, кога Меси беше незадржлив во дуелот против Еибар. Аргентинецот даде четири гола, а Барселона на крајот победи со 5:0.

Капитенот на Барселона уште во првото полурвеме комплетираше хет-трик, а во вториот дел погоди еднаш за „покер“. Дуелот на Барселона против Еибар со посебно внимание се следеше во редовите на италијанскиот Наполи. Тимот во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди, во вторник ќе биде домаќин на Барселона, во првиот меч од осминафиналето во лигата на шампиони.

Уникатен коментар се појави на навивачкиот твитер страница на Наполи. „Ох, с*ање“, пишуваше на постот на кој стои информацијата дека Меси постигнал четири гола на денешниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести