Во наредните три часа ќе се знае иднината на Новак во Австралија (ВИДЕО ПРЕНОС)

Министерот за имиграција на Австралија, Ален Хок, во рок од три часа мора да ја донесе одлуката за тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран или ќе игра на ОП на Австралија.

Во моментов полицијата е пред канцелариите на неговите адвокати, каде што всушност се наоѓа и самиот тенисер.

Доколку Хок одлучи против српскиот тенисер, Новак ќе мора експресно да ја напушти земјата за да избегне затвор и во наредните три години ќе има забрана за влез во Австралија.

На социјалната мрежа на „Јутјуб“ се појавија неколку преноси во живо од тоа што се случува пред канцелариите на неговите адвокати.

- Оглас -

Најнови вести