Пред 15-тина години, австралискиот кошаркар Чејс Будингер го исполни сонот и заигра во НБА лигата. Крилниот играч настапуваше за Хјустон, Минесота, Индијана и Феникс, а во 2012 година настапи и на НБА ол-стар натпреварот во забивање, каде го освои второто место, веднаш зад победникот Џереми Еванс. Будингер тогаш успеа да забие преку познатиот рапер Диди, со што само потврди колку голем одраз има.
Во НБА кариерата настапи на 407 меча, а неговиот просек беше 7,9 поени на меч. Во 2016 година од САД замина в Басконија каде играше европска кошарка, а потоа на 29 години изненадувачки реши да оди во кошаркарска пензија.
Како средношколец, Будингер освен во кошарката бил талентиран и во одбојката, па бил дел од школските екипи во двата спорта. Во двата спорта освојувал голем број на награди и признанија за најдобар, па во колеџ му било многу тешко да се определи за еден спорт. Ја одбрал кошарката, а во 2009 година беше избран како 44 пик на драфтот.
Откако на 29 години се повлече од активното играње кошарка, Будингер се врати на одбојка на песок. Уште во првата сезона беше фантастичен и е избран за најдобар нов играч во сезоната.
Во 2021 година, Будингер го освои првиот вреден медал и тоа сребро на светската турнеја. Минатата година стигна до златото на турнир во Кина, а по одличните резултати, обезбеди место за настап на ЛОИ во Париз.
Будингер е првиот НБА кошаркар кој решил да се повлече, а потоа да биде дел од ЛОИ и да се натпреварува во некој друг спорт. Вкупно 24 двојки ќе бидат дел од Игрите во Париз.