Дури 10 натпревари ќе се играат вечерва во НБА-лигата, а интересно е дека според квотите кои се нудат, во првите четири меча фаворитската улога ја имаат гостите. Возбудувањата ќе започнат со дуелот меѓу Торонто и Хјустон. Торонто има три порази по ред, а Ракетите имаат три победи во последните четири меча со овој ривал.
Во дуел на две екипи кои се во лоша форма, Бруклин е домаќин на Атланта. Бруклин има пет порази по ред, а Јастребите загубија на четири од последните пет меча, а сега се фаворити за победа, иако се на гостински терен.
Од домашните клубови, „сигурици“ треба да бидат победите на Далас, Денвер, Чикаго, и Минесота.

Во понудата има преку 65 играчи и за играта „плус-минус“ поени.


