Дури осум меча се играат ноќеска во НБА-лигата, што секако е предизвик за сите оние обложувачи кои ги следат случувањата во најсилната кошаркарска лига во светот.
На три дуели домаќините се големи фаворити, па се очекуваат лесни победи на Филаделфија, Бруклин и Далас во дуелите против Орландо, ЛА лејкерс и Детроит. Со најголеми шанси да се радуваат на гостински терен се Вашингтон, кој игра како Сан Антонио, и шампионот Голден стејт, кој ќе гостува кај Оклахома.
Секогаш, освен понудата на мечеви, има избор и за обложување на „плус-минус“ поени на кошаркарите кои ноќеска ќе се најдат на паркетот. Преку 45 кошаркари има во денешната понуда.