20.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Во НБА ќе победуваат само домаќините

Само три меча ќе има ноќеска во НБА-лигата и на сите три фаворитската улога ја имаат домаќините. Лос Анџелес клиперс го пречекува најслабиот тим во лигата Детроит, кој има само три победи во 15 меча. Тимот од ЛА има шест победи во низа против Детроит и таа низа треба и сега да продолжи.

Сакраменто е домаќин на Сан Антонио и Кралевите се полни со самодоверба откако победија на четири средби во низа. Од друга страна, Сан Антонио има четири порази во последните пет меча и тешко дека Мамузите ќе може да се спасат од нов неуспех.

Најнеизвесно треба да биде на Портланд – Бруклин. Портланд блеска и го има најдобриот скор на Западот од 10 победи и само четири порази, додека Бруклин во 15 средби има само шест триумфи.

Освен на конечните типови на овие три меча, може да се обложите и на тоа колку поени ќе постигнат кошаркарите кои вечерва ќе се најдат на паркетот.

- Оглас -

Најнови вести