Во НБА наскоро влегуваат два нови тима, се враќа градот кој 40 години имаше своја франшиза

Најсилната кошаркарска лига во светот, американската НБА во скоро време треба да го зголеми бројот на екипи. Во НБА сега има 30 екипи поделени на Источна и Западна конференција, но според новинарот на Асошиетед прес, Вили Рамирез, планот е да се промовираат нови два клуба.

Рамирез оваа вест ја објави на Твитер, но набрзо го избриша постот, но тој остана забележан. „Од неколку извори дознавам дека НБА лигата наскоро ќе го објави проширувањето со тимови од Лас Вегас и Сиетл. Тоа ќе биде објавено за време на предсезонските мечеви на Клиперс во Сиетл и на Лејкерс во Лас Вегас“, стоеше во постот.

Сиетл со години имаше своја НБА франшиза. Од 1967 до 2008 година Сиетл беше дом на Суперсоничните, кои подоцна се преселија во Оклахома и стана Тандерс.

Лас Вегас никогаш немал НБА тим, но од Градот на коцката сега треба да промовираат бренд за во најсилната лига. Ако се случи ова, Минесота ќе мора да се пресели во Источната конференција и балансот на екипи да биде повторно израмнет.

- Оглас -

Најнови вести