Лос Анџелес клиперс немаа проблеми и со убедливи 124:97 славеше против Мемфис за 38-ма победа сезонава. Уште по првата четвртина беше јасно дека домаќинитe ќе победат убедливо откако по 12 минути, Клиперс имаше предност од 40:14.
Потегот на мечот се случи токму во првата четвртина, а во главна улога беа Пол Џорџ и судиите. Кошаркарот на Клиперс истрча во контранапад и непречен од никого успеа атрактивно да забие. Сепак, тоа што е сомнително е бројот на чекорите кои Џорџ ги направи без да ја тапне топката.
Судиите имаа чист видик, но не досудија ништо, иако повеќе од јасно е дека ова ќе беа чекори дури и на ракометен меч.
Count PG’s steps 😂 pic.twitter.com/felbF2YQI7
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 25, 2020