Огромна е денешната понуда во НБА-лигата, каде што ќе се играат дури 12 меча. Интересно е дека коефициентите покажуваат дека домашните екипи и немаат некоја голема фаворитска улога, па само на еден меч „кецот“ е под 1.60, додека сите останати се со повисоки квоти.
Бостон е најголемиот фаворит меѓу домаќините, а Селтикс треба да слави над Њу Орлеанс пеликанс. Што се однесува до гостинските екипи, како фаворити се означени Њујорк на гости кај Шарлот, Сакраменто на теренот на Мемфис и Филаделфија кај Портланд.
Освен мечевите, тука е и богатата понуда за „плус-минус“ поени на кошаркарите. Над 80-мина играчи се на менито и едноставно тоа е одлична можност да се направи добитна комбинација.