Лигашкиот дел од НБА-лигата заврши синоќа, откако беа комплетирани сите 82 натпревари. Од сите 15 мечеви кои се играа во финалната вечер, еден потег беше посебно интересен.
Ѕвездата на Бруклин, Микаел Бриџис, на дуелот против Филаделфија на паркетот помина само четири секунди. Бекот беше во стартниот тим, а веднаш по потврдувањето за старт на средбата, Бриџис намерно направи фаул и потоа излезе од игра. До крајот на мечот воопшто не се појави повторно, но четирите одиграни секунди беа доволни за еден интересен податок.
https://twitter.com/i/status/1645118225649397761
Тој успеа да игра 83 натпревари сезонава во регуларниот дел, иако има 82 кола. Не е првпат еден кошаркар да одигра 83 средби во една сезона. Низ историјата тој е 42-риот кошаркар со ваков скор, а јасно е како се стигнува до тоа.
Познато е дека во НБА сите клубови играат во различен период, па може да се случи некој тим да има одиграно еден или два натпревари повеќе од некој друг. Бриџис сезонава ја започна во Феникс санс, каде што одигра 56 дуели, а потоа направи трансфер во Бруклин, кој имаше уште 27 средби до крајот.
Освен ова постигнување, Бриџис со одиграните четири секунди продолжи и една голема низа. Тој синоќа го одигра 392-риот натпревар по ред, што е убедливо најдолга низа од сите активни кошаркар. Откако дојде во НБА, Бриџис не пропуштил ниту еден меч.
After starting today, Mikal Bridges has now played in 83 games this regular season.
Bridges hasn’t missed a game in five straight seasons to start his NBA career 😳 pic.twitter.com/jZW1n8szAV
— SportsCenter (@SportsCenter) April 9, 2023