8.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Во НБА се очекуваат четири победи на домаќините и четири триумфи на гостите

Возбудувањата во НБА лигата ќе започнат уште во 21:30 часот кога ќе започне дуелот меѓу Бостон и Лос Анџелес клиперс. Двете екипи лошо ја започнаа новата сезона и се во долниот дел од табелата.

Бостон има шест победи од 13 меча, а ЛА клиперс е само со четири триумфи во 12 дуели. Ако се погледнат меѓусебните дуели, Бостон има четири победи во последните пет пресметки со Клиперс, а и сега е фаворит на домашен терен.

„Сигурни“ победи на свој терен се очекува да имаат Сан Антонио против Сакраменто и Хјустон против Орландо, а домашниот терен се очекува да го искористи и Вашингтон против Бруклин.

Голден Стејт влезе во добар ритам, па Воините очекуваат да се радуваат на гостувањето кај Њу Орлеанс, тим кој има дури 10 порази во досегашните 12 меча сезонава.

Како гостински фаворити се сметаат и Чикаго кај Јута, односно Портланд кој ќе игра на теренот на Далас. Како еден од најнеизвесни се очекува да биде мечот меѓу Феникс и Атланта, но квотите покажуваат дека Јастребите се во улога на мали фаворити.

Во понудата има над 80 кошаркари за играта „плус-минус“ поени и вистинските љубители на НБА лигата сигурно без многу проблеми може да најдат неколку „сигурици“.

- Оглас -

Најнови вести