Во НБА вечерва „сигурици“ има само на два меча, останатите шест дуели се суперинтересни

Вечерва во арените во САД ќе се одиграат осум натпревари коишто имаат од 159 до 16 комбинации. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Според квотите, само два натпревари се „сигурица“, и тоа дуелите во коишто играат најслабите екипи во Источната конференција. Вашингтон визардс, кој се бори за пласман во разигрувањето за титулата, игра против Детроит пистонс, кој има најслаб учинок на Истокот само од 16 победи и 53 порази. Квотата за триумф на Вашингтон изнесува 1,18, а победа се очекува и од Кливленд кавалирс (43-27), кој игра против Шарлот (22-48). Квотата за триумф на Кливленд, кој е четврти тим на Истокот, изнесува 1,41.
На останатите натпревари се очекува максимална неизвесност до самиот финиш. Дербито ќе се игра во Аризона, каде што Феникс санс го пречекува Милвоки бакс. Сонцата ќе бидат ослабени поради неиграњето на повредениот Кевин Дурант, додека кај Милвоки во тимот се очекува да биде првата ѕвезда, Јанис Адетокумбо. Првиот меѓусебен дуел заврши со триумф на Милвоки од 104:101.
Интересен треба да биде и дуелот меѓу Њу Орлеанс пеликанс и ЛА лејкерс, два тима кои се борат за плејофот. И двата тима имаат идентичен скор, 33 победи и 35 порази и победникот од овој дуел може од деветтото да скокне на седмото место во Западната конференција.
Торонто репторс ќе има можност да му се реваншира за поразот на Денвер нагетс од пред седум дена.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 63-ца кошаркари се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени. Фаворити да ја поминат предложената граница на поени се: Донован Мичел, О ЏејАнуноби, Никола Јокиќ, Вендел Картер јуниор, Спенсер Динвиди, Ентони Дејвис, Јонас Валанчиунас, Деандре Ајтон…

 

- Оглас -

Најнови вести