Григор Димитров за прв пат во кариерата успеа да го победи легендарниот Роџер Федерер и тоа на меч од четврт-финале на гренд слем турнирот во САД. Повеќе од три часа траеше дуелот кој беше решен во пет сета.
Подвигот на бугарскиот тенисер е уште поголем бидејќи губеше со 1:0 во сетови, а потоа и со 2:1, но на крајот успеа да собере сили и да слави со 3:6, 6:4, 3:6, 6:4, 6:2. Во претходните седум меѓусебни дуели, Федерер секогаш бил подобар.
Со оваа победа, Димитров за првпат во кариерата си обезбеди место во полуфиналето на турнирот во Њујорк. За место во финалето Григор ќе игра со Дани Медведев, кој го елиминираше Стан Вавринка со 7:6, 6:3, 3:6, 6:1.
Вечерва ќе биде познат вториот полуфинален пар. За место меѓу најдобрите четири ќе играат Беретини – Монфилс и Шварцман – Надал.
На женскиот дел од турнирот, Серена Вилијамс ја прегази Ванг од Кина со 6:1, 6:0.