Во новиот договор на Халанд има две клаузули како Норвежанецот може да го напушти Манчестер сити

Ерлинг Халанд само пред неколку дена потпиша нов сензационален договор со Манчестер сити. Норвежанецот се обврза со Граѓаните до 2034 година, со што покажа намера дека би можело да ја помине речиси целата своја кариера на „Етихад“.


Сепак, според информациите на „Кадена СЕР“, договорот содржи и две посебни клаузи кои му овозможуваат на напаѓачот да го напушти клубот под одредени услови.

Првата клаузулa му дозволува на Халанд да го раскине договорот доколку Манчестер сити испадне или биде исфрлен од Премиер лигата. Иако испаѓањето е малку веројатно, исфрлањето е реална можност, со оглед на тоа што Граѓаните се под истрага за прекршување на 115 финансиски регулативи и моментно се очекува исходот на овој случај.

Втората клаузулa е слична на првата и му овозможува на Халанд да замине доколку Манчестер сити биде исфрлен од Лигата на шампионите поради слични прекршувања на правилата.

Според шпанското радио, договорот содржи и други клаузули, кои ќе стапат на сила по третата година од новиот договор. Во овој момент нема повеќе информации за нив, но најверојатно се работи за откупна клаузулa.

Инаку, се смета дека со овој договор 24-годишниот напаѓач стана еден од најплатените фудбалери во светот, со годишна плата од околу 26 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести