17.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Во новиот стручен штаб на Србија ќе биде и екс голман на Вардар

По поразот на српската репрезентација од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка од својата позиција и нема да патува со екипата на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора.

„А селекцијата на Србија ќе ја предводи стратегот на нашата млада репрезентација Зоран Мирковиќ, кој во неделата наутро и се приклучи на националниот тим во Ниш, заедно со стручниот штаб Страхиња Пандуровиќ, Лазар Томиќ, Александар Кировски, Дејан Одавиќ и Богдан Милиќевиќ. Веднаш по враќањето од Андора, во петок, 17 октомври, ќе се состане Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, кој, во согласност со своите одговорности и стандардната постапка на ФСС, ќе ги донесе сите понатамошни одлуки во врска со промените на чело на националниот тим.

Фудбалскиот сојуз на Србија сака да ја искористи оваа можност да му изрази благодарност на Драган Стојковиќ за сè што направи во изминатите четири и пол години на чело на националниот тим, пред сè во квалификациите за Светското и Европското првенство, како и освојувањето на првото место во Дивизија Б од Лигата на нации и задржувањето на статусот во елитните редови на европскиот фудба“, објавија од ФСС.

За нашата јавност интересно име е Кировски кој е Србин со македонско потекло, а во 2018 година беше промовиран како голман на Вардар, но немаше ниеден официјален настап.

- Оглас -

Најнови вести