6792 Струга Трим Љум – Слован Братислава (17:00)
Екипата на Слован Братислава со победа од 4-2 доаѓа на гостувањето во Охрид против шампионот на Македонија, Струга Трим Љум. Стружани денес нема што да бранат, ќе мора да нападнат од првата минута, а тоа е гаранција за ефикасен фудбал и многу голови, кои сигурно ќе бидат распределени во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.79)
6765 Круејдерс – Каернарфон (20:45)
Ефикасно се очекува да биде и во Северна Ирска, на мечот помеѓу Крусејдерс и Каернарфон. Екипата од Велс има предност од 2-0 од првиот меч, а слично како и на мечот помеѓу Струга и Слован, и тука домашните нема што да бранат и ќе мора да тргнат во офанзива за да ја анулираат предноста на гостите.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.75)
6797 Ларн – РФС Рига (21:00)
На вториот меч кој вечерва ќе се одигра во Северна Ирска, но овојпат на оној од квалификациите за Лигата на шампионите, слично како и на претходниот се очекува ефикасен фудбал. РФС Рига има предност од 3-0 од првиот меч во Летонија, кога еден гол беше постигнат во првото полувреме, а вкупно три на целиот натпревар. Слично сценарио се очекува и вечерва, гостите од Летонија треба да ја искористат офанзивната формација на Ларн, кој уште на првиот меч покажа дека одбраната не им е силната страна.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.85)
6794 Динамо Батуми – Лудогорец (19:00)
Лудогорец со победа од 3-1 од првиот меч патува на гостувањето во Грузија, кај шампионот Динамо Батуми. Тврд меч се очекува со малку голови, но сепак Бугарите нема да дозволат изненадување и ќе ја сочуваат предноста. Од Лудогорец се очекува да ја успори играта и со многу тактика да не дозволи ефикасен меч кој ќе отиде во корист на противникот.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.88)
6796 Егнатиа – Борац Бања Лука (21:00)
Борац Бања Лука со предност од 1-0 патува на гостувањето во Елбасан, кај екипата на Егнатија. Двете екипи одиграа тензичен меч, кој на момент беше и прекинат, а слично се очекува да биде и денес. Гостите од Босна и Херцеговина ќе се обидат со лежење по теренот да задржуваат време, а домашните со сите сили ќе притискаат кон нивниот гол. Сепак, малиот број голови за овој натпревар се чини дека е добитната комбинација.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.91)