Во осминафиналето може да играат: Барселона – ПСЖ, Ливерпул – Јувентус, Реал – Сити, Баерн – Борусија…

Групната фаза во Лигата на шампионите заврши и веднаш започнаа калкулациите кој тим со кого може да се падне во нокаут-фазата.

Според направениот првичен „костур“, Барселона или Челзи ќе го чека подобриот од 16-финална пресметка во која треба да се најдат подобрите две екипи од четврорката Монако, Карабах, ПСЖ и Њукасл. Тоа значи дека ако нема изненадувања, може да има дуел меѓу Барселона и ПСЖ, на пример и на Њукасл против Челзи.

Во осминафиналето може да има пресметка и меѓу Ливерпул и Јувентус, како и тоа дека Манчестер сити може да очекува еден од Реал Мадрид или Интер, секако доколку овие гиганти ја поминат 16-финалната фаза.

Има многу комбинации, многу калкулации, останува времето и резултатите да покажат кои ќе бидат дуелите прво во 16-финалето, а потоа како и би биле следните комбинации.

- Оглас -

Најнови вести