Во пензија замина фудбалерот кој сите го знаат по неговата фризура

Некогашниот белигиски репрезентативец Маруан Фелаини најави дека става прај на играчката кариера. Фелаини кој на светскиот фудбал беше познат по неговата карактеристична фризура, реши дека е доста на 36 години. Последен клуб за кој настапуваше е кинескиот Шандонг Таишан.

„Објавувам дека по 18 години кариера, се простувам од професионалното играње фудбал“, изјави Фелаини.

Во текот на богатата кариера, Фелаини играше за Стандард Лиеж, Евертон и Манчестер јунајтед, а во 2019 година замина во Кина, во тимот на Шандонг Таишан. Фелаини кој играше како офанзивен играч за врска, одигра 580 меча во кои постигна 118 голови.

Во дресот на репрезентацијата на Белгија одигра 87 средби и постигна 18 голови. Маруан инаку е дете од марокански родители, но израснал во Брисел.

 

- Оглас -

Најнови вести