Во Перу се репризираше ремек-делото на Марадона и Меси – Погледнете го голот што ќе ве крене на нозе (Видео)

Кристијан Варгас загуби со својот клуб Алијанса Атлетико во бурен меч против Хуан Ауриц, но неговиот гол долго ќе се памети и е изведба во рангот на легендарните погодоци на Диего Марадона и на Лионел Меси.

Варгас тргна во долг спринт од својата половина и го мина речиси целиот терен, а притоа во слалом нанижа неколку играчи на домашниот тим, го издрибла и голманот и му ја протна топката низ нозе во мрежата на последниот противник, кој се обиде да го сопре.

Голот на Варгас магично потсетува на легендарните погодоци и слаломи на Марадона и на Меси, иако овој погодок во втората перуанска лига е постигнат од малку поинаков агол.

 

- Оглас -

Најнови вести