Во последен час, Надал донесе одлука да игра и во сингл на олимпискиот турнир

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал донесе одлука сепак да игра и во поединечна конкуренција на олимпискиот турнир во Париз.

Надал тактизираше до последен момент, а после утринскиот тренинг, реши да се појави на терен и да игра против Мартон Фучович од Унгарија. Победникот од тој двобој, во второто коло ќе се сретне со првиот носител Новак Ѓоковиќ, а публиката посакува победа на Надал, па српската и шпанската легенда да играат за последен пат еден против друг на земјените терени на „Ролан Гарос“.

Надал има повреда на бутот на десната нога, а игра и во двојки, но таму покрива само половина терен, нема толку трчање како во сингл, и затоа се двоумеше дали да игра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести