Во последен момент го регистрираа: Роке ќе дебитира за Барселона против Лас Палмас

Чави Ернандес ќе има големо засилување во својот состав за вечерашниот дуел против Лас Палмас. Раководството на Барселона во последен момент успеа да го регистрира Бразилецот Витор Роке и тој ќе се најде во составот на Каталнците на гостувањето на Канарските Острови.

Деветнаесетгодишниот напаѓач за 40 милиони евра пристигна од Атлетико Паранаенсе и вечерва најверојатно од клупата ќе го чека својот деби-настап. Малку веројатно е дека веднаш ќе се најде во првиот состав заедно со Левандовски или место него, но затоа Бразилецот кој се очекува да биде големо засилување за Барселона, својата шанса ќе ја чека од клупата за резерви, а останува да се види како ќе ја искористи на овој важен натпревар на кој Каталонците ќе мора да победат и да ја намалат негативата зад лидерскиот двоец на седум поени.

- Оглас -

Најнови вести