Да се победи Реал Мадрид во едно финале е речиси невозможна мисија, а тоа последен го почувствува Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите. Кралскиот клуб е толку убедлив што во последниве 10 години одигра дури 20 финалиња во разни натпреварувања, а освои дури 17 трофеи.
Во изминатава деценија единствено Атлетико Мадрид успеал да го победи градскиот ривал, и тоа во три меча. Атлетико и Реал играле вкупно шест финалиња во овој период, а Кралевите ги добија двете најважни, во финалињата од ЛШ во Лисабон (победа од 4:1 по продолженија) и Милано (победа на пенали), како и финалето на шпанскиот Супер куп во 2020 година, повторно на пенали во Саудиска Арабија.
Јорганџиите го победувале Реал во финалето на Купот на Шпанија во 2013 година, беа подбри во Суперкупот во 2014 година, како и во Суперкупот на Европа во 2018 година, кога Атлетико славеше над Реал со 4:2 по продолженија.
Клубови кои се најдоа на листата на Реал на победени во последните 10 години се Барселона (трипати), Ливерпул и Севилја по двапати, како и Манчестер јунајтед, Јувентус, Сан Лоренцо, Кашима, Гремио, Ал-Аин и Атлетик Билбао по еднаш.