14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Во последните четири години имаат 12 порази и две нерешени, а сега се апсолутни фаворити да победат

Во азискиот репрезентативен фудбал актуелни се квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Селекциите додека се најдат на завршницата на планетарлниот собир кој ќе се игра за три години, треба да поминат неколку фази.

Во првата фаза од квалификациите играат најслабо рангираните селекции, па денеска се играат девет натпревари. Интересно е дека на сите девет средби, домаќините ја имаат улогата на фаворити, а на осум се сметаат дури и за апсолутни фаворити за победа.

Возбудувањата ќе започнат од 11:30 часот со дуелот Мјанмар – Макао, а ќе завршат со мечот Јемен – Шри Ланка, кој ќе започне од 19 часот.

Токму дуелот меѓу Јемен и Шри Ланка побудува посебен интерес. Според коефициентите во Sport Life, Јемен без проблеми треба да победи, но тоа е малку зачудувачки ако се видат резултатите на оваа селекција во последните четири години.

Од 19 ноември 2019 година до денеска Јемен има одиграни 14 репрезентативни дуели и има биланс од 12 порази и само две нерешени. Последната победа Јемен ја има против Палестина, и тоа минимално со 1:0.

Од друга страна, и Шри Ланка воопшто нема одиграно ниту еден натпревар во последните 16 месеци, што само потврдува зошто и во една ваква ситуација кога игра со Јемен е голем аутсајдери.

- Оглас -

Најнови вести