Во последните пет години Роналдо ги „исуши“ клубовите за кои играше

Кристијано Роналдо го одработи две и пол годишниот договор со Ал-Наср и сега останува неизвесноста дали Португалецот ќе остане во клубот или ќе бара нов предизвик.

Со доаѓањето на Роналдо во Ал-Наср, овој клуб се стекна со светска популарност, а Португалецот заработи вистинско богатство, откако скапо го наплати своето присуство во клубот. Сепак, тоа што Ал-Наср не го доби до доаѓањето на Роналдо се трофеите. Во овие три сезони откако Роналдо е во клубот, Ал-Наср освои само еден трофеј и тоа во летниот период, Арапскиот куп.

Ал-Наср не освои ниту една титула во првенството на Саудиска Арабија, ниту во Купот, а неуспеси редеше и во азиската Лига на шампиони. Како врв на неуспесите е и тоа дека Ал-Наср сезонава воопшто не се избори за место во Лига на шампиони во Азија.

Ако се погледнат последните пет години, Роналдо нема успеси без разлика дали е тоа во дресот на Манчестер јунајтед или Јувентус. Во последните пет сезони Роналдо може да се пофали само со трофеј од Купот на Италија со Јувентус, како и пехарот во Арапскиот куп.

Јувентус минатата сезона не играше во европските купови, Манчестер јунајтед е очаен во Премиер лигата, а сега и Ал-Наср е далеку од најдобрите екипи во Саудиска Арабија. Едноставно Роналдо во последните пет години не дава никаква помош за клубовите во кои настапува да се освои некој вреден трофеј и да се има успеси.

- Оглас -

Најнови вести