Трошат како луди без титули и успеси во последно време и имаат ѓаволски плати што се највисоки во Англија (Фото)

Манчестер јунајтед има најголеми давачки за плати на годишно ниво од сите клубови во Премиерлигата и се убедливо први со вкупен износ од 294,4 милиони фунти, или околу 350 милиони евра.

Скапите играчи како Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш, Хари Мегваер, Маркус Рашфорд, Санчо… вртоглаво го празнат буџетот на Црвените ѓаволи, кои имаат најголем издаток за плати на годишно ниво, а немаат ниту титули, ниту успеси во последно време.

Само 20-кратниот англиски првак и најтрофеен клуб во земјата исплаќа годишни плати во висина од над 300 милиони евра од сите 20 премиерлигашки екипи.

На второто место е Челзи со 243,6 милиони фунти за годишни плати на фудбалерите, што е околу 290 милиони евра, а трет е Ливерпул со 234,6 милиони за плати на своите играчи.

Интересно е што големата шесторка на англискиот фудбал ја разби Лестер, кој е на шестата позиција, пред Тотенхем, кој е седми, но е член на популарните „Оригинални шест“ водечки екипи во историјата на англискиот фудбал.

Најмал проблем со исплата на платите има новиот премиерлигаш Нотингем форест и двојните европски прваци досега имаа трошок од само 15.5 милиони фунти на годишно ниво.

Money as the motivation from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести